Случајно креиран ензим кој јаде пластичен отпад

Во 2016-та во Јапонија во почвата на една фабрика за рециклирање пластика бил откриен микроб кој еволуирал да ги јаде пластичните шишиња кои доминирале во неговото живеалиште, а сега научниците додека истражувале како тој ја разградувал пластиката случајно креирале мутиран ензим со подобри перформанси од природната бактерија.

Структуралниот биолог Џон Мекгин од универзитетот во Портсмут, Англија, заедно со неговиот тим го откриле овој мутиран ензим додека ја истражувале кристалната структура на PETase – ензимот кој му помага на јапонскиот микроб Ideonella sakaiensis да ја разградува PET (полиетилен терефталат) пластиката.

PET е патентиран во 1940-тите, а за да природно се разгради му се потребни векови, додека новооткриениот ензим и овозможува на бактеријата тоа да го стори за неколку дена – веќе по 96 часа со електронски микроскоп може да се забележи деградацијата.

Истражувачите го мутирале PETase за да видат дали може да го доближат до друг ензим наречен кутиназа, но неочекувано таа мутација го оптимизирала за 20% поефикасно да ја разградува пластиката.

Истражувачите велат дека е важно што сега знаеме дека овие ензими можат да се оптимизираат и подобруваат, што значи дека идните верзии би се адаптирале да се уште поефикасни во уништувањето на пластиката – на пример, модификуваниот PETase можел да разградува и PEF (полиетилен фурандикарбоксилат), што обичниот не можел да го процесира.

Ќе биде потребно уште многу време ваквите иновации да се искористат за разградување на милијарди тони пластика, но сега кога имаме доказ дека концептот функционира, со помош на науката би можеле да ги разградуваме овие вештачки материјали кои по природен пат би ја загадувале почвата со векови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Средношколецот Жарко се жали на татко му:
- Професорката по историја стварно ме малтретира.
- Слушај синко, ако пазиш како се облекуваш, внимаваш на час и учиш редовно дома,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Од ЕВН е најaвено дека од 03.10.2018 година, напојувањето на тунелите на патот Демир Капија - Смоквица од страна на...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на храната
1430.- Роден е шкотскиот крал Џејмс II, кој...
1553.- Умре Лука Кранах, германски сликар и...
1649.- Умре Исак ван Остаде, холандски сликар....