И дрвјата имаат „срцебиење“ ?

Многу луѓе кои се нашле сами ноќе во шума, имаат чувство како дрвјата да се на некој начин будни и се движат, а научниците донекаде го имаат потврдено тоа со фактот дека некои дрвја ги креваат и спуштаат нивните гранки неколку пати во текот на ноќта. Тие посочуваат дека низ гранките циркулира вода и се транспортираат шеќерите – нешто како нивна сопствена верзија на „срцебиење“. За жал, не се знае причината за тоа.

На билките им е потребна вода за да ја фотосинтетизираат гликозата, основниот градбен блок од кој се формираат нивните покомплексни молекули. За дрвјата тоа значи пренесување на водата од коренот до лисјата, процес кој се одвива дење – или барем досега така сме мислеле.

Нови студии покажале дека работите се многу покомплексни од ова. За време на ноќта некои дрвја ги спуштале гранките и до 10cm пред повторно да ги подигнат кога ќе се појави сонцето. Процесот е бавен и суптилен, а бил истражуван од страна на Др. Андрес Злински од Арус универзитетот во Данска, кој користел техника со ласерско скенирање да ја измери точната локација на гранките и лисјата на 22 врсти дрвја и грмушки.

Биле детектирани претходно непознати периодични движења од по 1cm во циклуси од 2 до 6 часа, кои биле поврзани со варијации на водениот притисок во билките, што значело дека дрвото ја пумпало водата.

Ова истражување е само еден пример кој покажува дека дрвјата имаат еден вид на тајни животи, способни меѓусебно да споделуваат ресурси и да комуницираат со пораки.

Научниците сега се надеваат дека со забележување на девијации од нормалните модели на движење би можело да се дијагностицира стресот или болестите кај дрвјата, што би овозможило интервенција пред состојбата да им се влоши.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...