Науката зад мистериозните сини луѓе од Кентаки

Во 1820-та францускиот сирак Мартин Фугате пристигнал в мала населба во источно Кентаки, каде планирал да започне фамилија со неговата нова жена, црвенокосата Елизабет Смит која била со исклучително блед тен. Она што ја издвојувало оваа фамилија од сите останати било тоа што Мартин имал индиго сина кожа, благодарејќи на неговото ретко генетско пореметување.

Парот имал 7 деца од кои 4 имале сина кожа.



Сините луѓе од Кентаки биле помалку или повеќе заборавени, сè додека во 1970-тите не бил роден Бенџамин Стејси (пра-пра-пра-пра-внук на Мартин и Елизабет), кој на изненадување на медицинските лица и неговите родители, ја наследил „фамилијарната“ сина боја на кожа.

Ова се должи на состојбата наречена метемоглобинемија, која предизвикува нивото на метемоглобин во црвените крвни клетки да се накачи на над 1% - што ја прави кожата сина, усните виолетови, а крвта чоколадно кафена. Метемоглобинемијата може да биде предизвикана од одредени хемикалии, но во неговиот случај таа била наследена како резултат на ген кој предизвикал дефицит во ензимот наречен цитохром-б5 метемоглобин редуктаза.

За среќа на фамилијата Фугате и нивните наследници, не постојат физички здравствени проблеми поврзани со оваа состојба – напротив, повеќето од нив живееле до нивните 80-ти и 90-ти.

Сепак, тие доживеале голем срам и психолошка траума бидејќи биле дискриминирани од локалното население поради бојата на кожата, што иронично го зголемило проблемот бидејќи метемоглобинемијата во најголем случај е продукт на вкрстување на роднини, па така Закариј, синот на Мартин и Елизабет, се оженил со тетка му.

Во 1960-тите таму дошол Др. Медисон Кавејн, кој ги слушнал гласините за сините луѓе и со себе ја довел медицинската сестра Рут Пендеграс да му помогне во истражувањата.

Тие започнале да ги среќаваат членовите на фамилијата Фугате, вклучувајќи го и парот Патрик и Рејчел Ричи, кои биле исклучително засрамени поради сината боја на кожата. По неколку медицински тестови докторот и сестрата креирале фамилијарно дрво, а резултатите од тестовите покажале дека причината за тоа бил недостатокот на ензимот диафораза.

На парот им бил инјектиран растворот метиленско сино, кој им ја сменил бојата на кожата во розева. Ефектот бил привремен бидејќи растворот излегува од телото преку урината, но бидејќи функционирал, докторот им оставил залиха од метиленски таблети да ги пијат дневно и тие веќе немале сина боја на кожа.

Бенџамин Стејси, пак, се смета дека имал само еден неправилен ген бидејќи кога пораснал бојата на кожата му се вратила во нормала.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...