Зошто научници креирале ембрион хибрид од човек и кокошка?

Тим истражувачи од Рокфелер универзитетот во Њујорк трансплатирале човечки матични клетки во новоформирани ембриони на кокошка во лабораторија, формирајќи група клетки од две различни врсти кои се наречени химери, чиј раст бил набљудуван во следните 24 до 48 часа.

Експерименталниот метод веќе обезбедил клучен увид во раните процеси на развивање на ембрионите кои претходно било невозможно да се студираат.

По оплодувањето, ембрионите на ‘рбтениците од едноставна шуплива грутка клетки се претвораат во трослојна грутка која има дефинирани оски: глава-опаш, напред-назад и лево-десно. За нетренираното око, ембрионот сè уште личи на обична грутка клетки кои немаат врска со организмот кој што подоцна ќе го оформат, но во реалноста планот за развивање на целото тело и сите негови разни видови на ткива веќе е започнат.

Благодарејќи на строгата етичка забрана за растење на човечки ембриони повеќе од 14 дена по оплодувањето, биолозите не можеле да набљудуваат како ваквите организаторски клетки се развиваат кај луѓето. Таквото знаење има исклучителна важност за репродуктивната наука, бидејќи за периодот на миграцијата на слоевите на клетките и нивното прераспределување се случуваат најголемиот број на спонтани абортуси.



За да го рекреираат ова, тимот од Рокфелер израснал колонии човечки матични клетки користејќи одредени фактори за растење кои ги форсирале да ги прифатат карактеристиките на раниот ембрион. Овие грутки клетки потоа биле трансплантирани во ембрионите од кокошка кои биле отстранети од јајцата 12 часа по оплодувањето, што коренспондира со 14-тиот ден на растењето на човечки ембрион.

Колониите на човечки клетки потоа почнале да се развиваат во нервно ткиво и да ги насочуваат клетките од кокошката да развијат секундарен нервен систем – со што методата на реплицирање била потврдена.

Човечките клетки инаку биле лимитирани на помалку од 10% во химера ембрионите и не им било дозволено да се развиваат по 48 часа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...