Идентификување на осомничен на место на злостор за 30 секунди

Полициските сили насекаде низ светот повеќе од еден век користат отпечатоци на прсти за да некој осомничен го поврзат со местото на злосторот, а од скоро за тоа се користи и пронајдената ДНК.

Меѓутоа, често пати отпечатоците се или размачкани или сокриени, а ДНК-то не секогаш може да се пронајде. Во овие случаи, нечија пот може да го открие присуството на местото на злосторот.



Секој квадратен сантиметар кожа содржи 100 потни жлезди, и дури и да не е премногу топло луѓето оставаат трага од пот на сè што ќе допрат.

Др. Јан Халамек од универзитетот од Албени вели дека сечии секрети од кожата се различни и уникатни, слично на отпечатоците од прсти.

Нашата пот содржи мноштво амино киселини и метаболити, чија концентрација кај секого варира – па така Халамек се обидел да провери дали концентрација од само три метаболити би можела да се користи за идентификување на индивидуалци.

Еден од тие метаболити е уреата, клучната компонента на урината, додека другите два се лактат и глутамат. Користејќи 25 примероци собрани од подлактиците на доброволците и уште 25 вештачки создадени, Халамек докажал дека е возможно секој примерок да се издвои базирано на концентрацијата на метаболитите.

Моментално, истражувачите често не ја земаат в предвид потта пронајдена на местата на злосторот, а за разлика од ДНК доказите за кои се потребни денови или недели за да се анализираат, за анализирање на потта се доволни 30-40 секунди за да се добијат резултати.

Потта на секого се менува во зависност од исхраната, здравствената состојба и физичката активност, но без разлика на тие промени примерок од пот може да открие нечиј пол и просечна старост.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...