Зеландија – нов скриен континент

Сите сме учеле дека на Земјата постојат 7 континенти: Африка, Азија, Антарктик, Австралија, Европа и Северна и Јужна Америка.

Геолозите, пак, ги групираат Европа и Азија во еден суперконтинент – Евроазија – со што бројот на геолошки континенти е 6.



Според една нова студија на земјината кора, постои 7-ми геолошки континент наречен Зеландија, кој цело време бил скриен од нас.

11-те истражувачи кои стојат зад оваа студија велат дека Нов Зеланд и Нова Каледонија се дел од единечно парче континентална кора со површина од 4.9 милиони квадратни километри, која е различна од Австралија.

Десет од овие истражувачи работат за институции кои се наоѓаат на новиот континент, а едниот за универзитет во Австралија. Геофизичарот Брус Лаендик од Калифорнискиот универзитет во Санта Барбара, пак, кој не бил дел од студијата, го осмислил името уште во 1995.

Тој вели дека тогаш не сметал дека Зеландија е нов континент, туку името требало да ги опише Нов Зеланд, Нова Каледонија и колекција на подводни парчиња од земјината кора кои се одвоиле од регионот Гондвана – суперконтинент стар 200 милиони год.

Истражувачите од новата студија анализирале докази стари неколку декади за 4 критериуми:

1) Земја која се издигнува релативно високо од океанското дно

2) Диверзитет на 3 вида карпи – изгорени (исфрлени од вулкани), мераморфни (изменети од топлина/притисок) и седиментарни (создадени од ерозија)

3) Подебела и помалку густа секција на кората во споредба со онаа на дното на океаните

4) Дефинирани граници околу област доволно голема да се смета за континент, а не микроконтинент или континентален фрагмент.

Геолозите одредиле дека Нов Зеланд и Нова Каледонија ги имаат првите 3 карактеристики, што довело до 4-тата – со помош на детални сателитски мапи и мапите на океанското дно се испоставило дека Зеландија е навистина дел од унифициран регион кој се протега на површина колку Индија.

Зеландија е одвоена од Австралија преку парче океанско дно широко 25km.

Примероците карпи, пак, сугерираат дека Зеландија е направена од истата континентална кора која била дел од Гондвана, и дека мигрирала на начини слични како што тоа го направиле Антарктикот и Австралија. Континентот не е скршен, туку тектонските плочи го правеле потенок, го развлекувале и потопувале милиони години.

Денес, само околу 5% од континентот е видлив – што е причината што на научниците им требало долго време да го откријат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...