Откриени скоро 1000 нови гени поврзани со интелигенцијата

Истражувачите идентификувале над 1016 специфични гени поврзани со интелигенцијата, од кои поголемиот дел се непознати на науката.

Интернационалниот тим воден од статистичкиот генетичар Даниела Постхума од Vrije универзитетот во Амстердам ја направил оваа студија за асоцијација на гените врз над 270 000 луѓе. 

 

Тие направиле неврокогнитивни тестови кои ја мереле нивната интелигенција, која потоа била споредена со варијациите во нивната ДНК наречени единечни нуклеотидни полиморфизми (SNPs), при што можело да се види кои мутации се поврзани со повисоката интелигенција.

Од над 9 милиони мутации, истражувачите идентификувале 205 региони во ДНК кодот поврзани со интелигенцијата (во споредба со само 15 кои претходно биле изолирани) и 1016 специфични гени (од кои само 77 биле претходно откриени).

Според нив, гените кои нè прават попаметни исто така имаат заштитнички ефект на целото когнитивно здравје и негативна корелација со Алцхајмеровата болест, пореметувања поврзани со хиперактивност или недостаток на внимание, депресивни симптоми и шизофренија.

Овие гени пак биле поврзани со зголемени инстанци на аутизам, но и на долговечност – сугерирајќи дека луѓето со вакви генетски предиспозиции на поголема интелигенција живеат подолго.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...