Како се прават синтетички дијаманти?

Најголемиот светски производител на дијаманти De Beers најави дека ќе почне да продава синтетички дијаманти за прв пат во својата 130 годишна историја.

Вештачките дијаманти се произведуваат од 1950-тите, но De Beers одбивале да навлезат во овој пазар. Сега тие сметаат дека технологијата е доволно ефикасна за да произведе големи количини синтетички дијаманти со квалитет на најдобрите вистински.



Како функционира овој процес ?

Дијамантите се вредни транспарентни драги камења кои сјаат, воедно и еден од најцврстите материјали на Земјата.
Сите овие атрибути зависат од совршено регуларниот аранжман на атомите во дијамантскиот кристал кои се сите идентични и се јаглеродни.

Малечките несовршености и во аранжманот (ако некој атом е на погрешно место, го нема или е од друг елемент) водат до промени во бојата на дијамантот. На пример, заменување на еден јаглероден атом на секои 10 000 со атом на водород би го претворил транспарентниот дијамант во кафен.

Аранжирањето на јаглеродните атоми во овој совршен кристал не е лесно и не се случува природно на површината на Земјата бидејќи таму јаглеродот формира кристали на графит.

Природните дијаманти се прават во длабочината на Земјата каде, многу ретко, вистинските состојки на вистинските температури и притисок се спојуваат и транспортираат на површината во тек на милиони години.



Првите вештачки дијаманти биле направени во лабораторија реплицирајќи ги овие услови во огромни машини, а на истиот начин денес се прават малечките дијаманти за индустриските алатки за сечење.

Возможно е да се направи вештачки дијамант со висок квалитет растејќи слоеви од јаглеродни атоми еден по еден, користејќи метан. Ова се постигнува со отстранување на водородот од молекулите метан во супер-чисти уреди користејќи врела плазма. Така, јаглеродот е приморан да прерасне во дијамантски кристали наместо во графит, графен и сл.

Можноста за контролирање на чистотата на овие кристали отвара нови можности за користење на дијамантите. На пример, секоја атомска нечистотија може да се користи како малечок факел кој создава единечна честичка светлина, што може да се искористи за складирање на еден бит информација за специјален „квантен“ компјутер.

Нечистотиите на боронот, пак, создаваат тегет или црни дијаманти од кои се прават дијаманти кои спроведуваат електрицитет, овозможувајќи алтернативен материјал кој може да се користи наместо силиконот или металите во екстремни услови како оние во Вселената.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...