Најраните спомени од нашиот живот можеби воопшто не постојат?!

Во една од најголемите студии од својот вид, научниците дошле до фасцинантно откритие – речиси 40% од луѓето имаат прв спомен кој е комплетно измислен. Нивната меморија не заматена, туку настаните воопшто не се ни случиле.

Истражувачите анализирале 6641 луѓе за најраните спомени кои ги имале и на која возраст ги имале. 2487 од испитаниците (38.6%) изјавиле дека нивниот прв спомен е на возраст помала од 2 години, додека за 893 тој бил на возраст под 1 година.



Повеќето луѓе немаат било какви вербално достапни спомени пред 3 или 3.5 годишна возраст, бидејќи нашите мозоци едноставно не се способни за зачувување на таа информација.

Сите знаеме дека сеќавањата не се секогаш точни и детални, но истражувачите сакале да дознаат зошто толку многу луѓе тврделе дека имаат долгорочни сеќавања од времето пред тие воопшто да можеле да бидат оформени.

Како дел од истражувањето било побарано кореспондентите да го опишат сеќавањето, а тимот го анализирал јазикот кој тие го користеле, содржината на сеќавањето, неговата природа и годините на личноста.

Било откриено дека колку постара била личноста, толку поверојатно е дека изјавила дека има спомени од нешто што се случило невозможно рано во нивниот живот. Исто така било откриено дека сеќавањата биле соодветни на возраста и биле релативно прецизни и се однесувале на детски креветчиња, првите чекори или желба за комуницирање уште пред личноста да имало научено да зборува.

Истражувачите сметаат дека овие невозможни сеќавања не се појавиле од никаде, туку биле споени заедно од фотографии, запознаеноста со детали околу што сè вклучува нормално детство и приказни од други членови на фамилијата.

Научниците сметаат дека причината за појава на ваквите сеќавања може да е поврзана со потребата да се комплетира наративот на нечија животна приказна во неговата глава – иако вистинската причина е непозната.

Најважно од сè е што личноста која има вакво (невозможно) сеќавање не знае дека тоа е измислено. Дури и кога на партиципантите им било кажано дека нивните сеќавања се лажни, тие не верувале во тоа, а делумна причина за тоа е фактот што системите кои ни овозможуваат да се сеќаваме на разни случки се многу комплексни и поради начинот на кој што мозокот се развива не почнуваме да формираме сеќавања слични на оние на возрасните сè до 5-6 годишна возраст.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...