Астероидот кој ги уништил диносаурусите ги променил ајкулите

Огромниот 15-километарски астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години бил „лоша вест“ за диносаурусите, но затоа пак бил „добра вест“ за ајкулите, барем во однос на нивниот диверзитет. Овој астрономски настан го обележал изумирањето на диносаурусите, но исто така започнал „експлозија“ кај некои видови на ајкули.



Палеонтолозите од универзитетот Упсала во Шведска и универзитетот на Нова Англија во Австралија ја студирале големината и формата на скоро 600 фосили на заби од ајкули, а резултатите на нивното истражување индицираат дека по астероидот, видот ајкули наречен Carcharhiniformes, или земјени ајкули, ги замениле Lamniformes („скушестите“ ајкули), кои доминирале во водите за време на владеењето на диносаурусите.

Скелетите на ајкулите се направени од ‘рскавица, којa е исклучително тешко да се сочува, па поради тоа биле испитувани нивните заби бидејќи траат многу подолго.



Оние користени во студијата биле стари помеѓу 72 и 56 милиони години, од периодите пред и по ударот на астероидот, а за да одредат на чиј вид ајкули припаѓале, тие ги мереле широчината и висината на круната. Резултатите сугерирале дека покрај нелетачките диносауруси, голем дел од ајкулите изумреле, но оние од видот Carcharhiniformes почнале да напредуваат во новосоздадената околина. Тие се најголемиот вид ајкули кои постојат и денес, со над 250 врсти.

Што било причината за ова сè уште не е најјасно, но авторите на студијата сметаат дека можеби се работи за промената во снабдувањето со храна. Климатските промени започнати од астероидот збришале од лицето на Земјата цели видови животни, вклучувајќи ги морските рептили и цефалоподите кои биле најзастапената храна на „скушестите“ ајкули, кои поради тоа најверојатно изумреле од глад. Carcharhiniformes, од друга страна, се хранеле со малечки коскести риби, чија популација се зголемила по ударот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...