Нова студија сугерира абнормално високи температури следните 4 години

Според ново истражување, има шанси да се соочиме со „абнормално високи“ температури следните 4-5 години, па дури и подолго зголемувајќи ги шансите за тропски бури.



Додека антропогенените (настанати со човечко влијание) климатски промени дефинитивно се фактор кој допринесува за глобалното затоплување, тие не се и единствена причина. Научниците од Националниот центар за научни истражувања (CNRS) развиле нова метода за предвидување на глобалните температури преку следење на временските аномалии, а новите бројки се поголеми од оние добиени исклучиво со анализирање на глобалното затоплување предизвикано од луѓето.

Помеѓу 1998-ма и 2013-та, светот искусил привремена пауза од глобалното затоплување, за кое време просечните температури привремено стагнирале бидејќи океаните почнале да го апсорбираат вишокот топлина, редистрибуирајќи ја енергијата низ Земјата.



Наречена PROCAST (PRObabilistic foreCAST system) новата метода ги зема в предвид тие бројки и нивната варијабилност за прецизно да ги предвиди температурните промени во иднината. Во симулации со податоци од 1880 до 2016-та, биле креирани разни ситуации на сегашните климатски состојби, при што се дошло до заклучок сега сегашниот тренд на затоплување ќе продолжи и следните 4-5 години, или подолго.

Помеѓу 2018 и 2019, има голема шанса не само да се зголеми глобалното затоплување, туку да се намалат и екстремно ниските температури во зимскиот период.

PROCAST сега засега ги предвидува само просечните температури, но истражувачите се надеваат дека наскоро ќе ги прошират овие предвидувања и за врнежите, сушите или интензивните урагански активности.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...