Зошто некои луѓе почесто ги касаат комарци од другите?

Изненадувачки, само неколку од над 3000 видови комарци се „специјализирани“ во каснување на луѓе, додека повеќето од нив се прехрануваат од други извори.

Видовите Aedes aegypti и Anopheles gambiae се познати по тоа што ја преферираат човечката крв и пренесуваат болести кај луѓето – Ae.aegypti е поврзан со болестите зика и денга, додека An. Gambiae го пренесува паразитот кој предизвикува маларија.



Но, што е тоа што ги предизвикува комарците некого да касаат повеќе, а некого помалку или воопшто?

Постојат многу тврдења од кои малку се научни – некои велат дека се работи за одредени крвни групи, имање на испотена кожа, па дури и дека касањето е поврзано со јадење на одредена храна која содржи лук или јаболков оцет. Ниедни од овие тврдења не се научно тестирани и потврдени, но комарците постојано се испитуваат за да се разбере нивниот избор на храна, со цел да се манипулира нивното однесување и да се контролираат болестите кои ги пренесуваат.

Сите видови на комарци го користат јаглерод диоксидот како индикатор дека нивната идна „жртва“ е блиску. Меѓутоа, млечната киселина е демонстрирана како значително посилен привлекувач покрај CO₂, а истата доминира кај човечкиот мирис, многу повеќе отколку кај други животни. Останатите состојки како амонијакот, некои карбоксилни киселини, ацетон и сулкатон исто помагаат комарците да го идентификуваат човечкото присуство.

Најдобриот доказ за мотивацијата комарците некого да касаат повеќе, а некого помалку е варијацијата во кожната микробиота, која се состои од не-патогенски бактерии и габи кои живеат на нашата кожа и во порите и фоликулите на влакната. Комбинацијата на мириси кои тие ја емитираат е критичен фактор кој на комарците им кажува колку „вкусна“ ќе им биде некоја личност.



Луѓето имаат околу 1 милион бактерии на квадратен сантиметар кожа, кои се состојат од стотици разни видови – што значи дека комарците најверојатно го избираат пленот според композицијата на микро-организмите кои живеат на нашата кожа.

Составот на микро организмите зависи од нашето опкружување – сè што допираме, пиеме или со тоа се миеме има потенцијал да донесе нови микроби.

Генетските варијации, пак, влијаат колку нашата кожа е соодветна за разните видови микроби кои живеат на неа, поради генетски контролираната продукција на протеини во кожата кои функционираат како бариери и спречуваат одредени микроби да растат и живеат на неа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...