Зошто некои сонови ги помниме, а некои забораваме?

Некои луѓе секогаш ги помнат соновите во детали, додека некои инсистираат дека или воопшто не сонуваат или воопшто не ги помнат.

Разликата би можела да биде објаснета со два гена кои ги регулираат овие процеси, а до откритието било дојдено кога научниците ја отстраниле способноста за сонување од мозокот на глувците.



Новото истражување било направено во RIKEN центарот за биосистемски динамични истражувања во Јапонија, и со него било откриено дека пар гени кои го регулираат REM сонот (фазата на спиењето поврзана со интензивното сонување), како и non-REM спиењето.

Кога легнуваме, нашето тело преминува во и надвор од неколку фази на REM и non-REM спиење. Не само што REM е поврзан со периодите на сонување, туку соништата подобро се помнат доколку се разбудиме за време на фаза на REM сон. Тоа значи дека повеќе време поминато во REM фазата на спиењето значи поголема шанса за помнење на соништата.

Кога влегуваме во оваа фаза, нашиот мозок се поплавува со невротрансмитерот познат како ацетилколин кој игра голема улога во регулацијата на REM спиењето, а за потребите на новата студија, истражувачите ги идентификувале двата гена Chrm1 и Chrm3 кои ги енкодираат бројните рецептори на ацителколин.



За да откријат дали овие гени играат улога во фазата на спиењето кога сонуваме, тие користеле генетски алатки за да ги модифицираат, и откриле дека отстранувањето на Chrm1 генот го редуцира и фрагментира REM спиењето, додека отстранувањето на Chrm3 ја редуцира должината на non-REM спиењето до ниво кое речиси не ни може да се детектира. Кога и двата гена биле отстранети, глувците скоро воопшто немале фаза на REM спиење – што значи дека буквално им била отстранета можноста да сонуваат.

Се смета дека REM спиењето помага нашиот мозок да ги менаџира мемориите, емоциите, и учењето, меѓутоа тие кај глувците кои не сонувале не биле воопшто погодени.

Ова не значи дека истото се случува и кај луѓето, но научниците сметаат дека би можело да значи дека сонувањето всушност нема никаква функционална намена туку дека е само нус-производ на мозочната активност за време на REM фазата од спиењето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...