Мозокот влијае врз тоа дали преземате акција или често ги одложувате работите

Се вели дека има 2 вида луѓе на светот – оние кои превземаат акција (go-getter) и оние кои ги одложуваат работите.  Според нова студија, разликата помеѓу овие две групи можеби се должи на начинот на кои мозокот ни е „вмрежен“ и како ги менаџира емоциите.



Биопсихолози од универзитет во Германија користеле магнентна резонанца за да ги откријат двата мозочни реони заслужни за самоконтролата и контролата на емоции и откриле дека големината и поврзаноста на овие региони одредува дали луѓето ќе преземат акција, или ќе ги одложат обврските за друг пат. Тоа значи дека прокрастринацијата, односно свесното одложување на обврските, не е толку поврзано со менаџирање на времето, туку со менаџирање на емоциите.

За потребите на студијата биле скенирани мозоци на 264 здрави луѓе, при што било заклучено дека оние со многу слаба контрола на акциите (т.е „одложувачите“) имале зголемена амигдала (центар во мозокот врзан за регулацијата на емоциите, особено стравот и анксиозноста) и помала поврзаност помеѓу амигдалата и дорзалниот преден цинглуларен кортекс (dorsal ACC).



Бидејќи овој дел од мозокот е поврзан со емоционалната контрола, резултатите од студијата сугерираат дека оние кои не ги одложуваат обврските се подобри во менаџирање на негативните емоции и разните работи кои одвлекуваат внимание.

Оние, пак, со зголемена амигдала се поанксиозни во врска со негативните последици на нивните акции, што предизвикува двоумење и одложување на обврските.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...