Научници објавиле дека добиле дозвола од владата на Буркина Фасо во природата да пуштат генетски модифицирани комарци.
Овој потег е дел од долгорочниот план да се истреби вид на комарци кој пренесува маларија и ќе биде прв пат било какво генетски модифицирано животно да се ослободи во африканската природа.
Маларијата се шири кога паразитите ги инфицираат комарците кои потоа ја пренесуваат болеста врз луѓето. Според центарот за контрола и превенција на болести (CDC) , 445 000 луѓе умреле од маларија во 2016-та, од кои повеќето биле деца во Африка. Доколку можеме да се ослободиме од тој одреден вид комарци – или барем значително да им го намалиме бројот – би требало да се редуцира бројот на случаи од заболени со маларија, како и на смртни случаи поради оваа болест.
Комарците кои ќе бидат пуштени ќе бидат машки и модифицирани да се стерилни, и нивната цел нема да биде толку да се истреби маларијата колку да се добие довербата од локалното населените колку научната заедница.
Доколку таа цел им успее, истражувачите во Буркина Фасо плус африканските нации Мали и Уганда подоцна ќе ослободат генетски модифицирани комарци кои ќе носат мутации кои ќе ги пренесуваат на нивните потомци со што ќе ја намалат популацијата на оние кои пренесуваат маларија.
Досега никој во природата не ослободил модифицирано животно кое е носител на специфични гени, така што се работи за ризичен потег.
Доколку ослободувањето генетски модифицираните стерилни комарци предизвика некакви непредвидени несакани последици, едноставно може да почекаме истите да умрат. Но штом се ослободат оние кои ќе носат специфични гени, нема да постои начин нивното размножување да се спречи.