Како би требало да изгледа „совршеното“ човечко тело

Низ милионите години еволуцијата, човечката раса развила некои помалку отколку идеални карактеристики.

Сме еволуирале да чекориме на две нозе и да имаме поголеми мозоци од нашите „роднини“ примати, но овие промени предизвикале нашите карлици да се намалат, како што ни се зголемувал черепот. Ова резултира со екстремно болно искуство при породувањето, додека останатите примати можат да се породат и потоа лесно да се движат и да се однесуваат како ништо да не им се случило.



Нашата способност да чекориме на две нозе исто така довела до болки во ‘рбетот кои често ги чувствуваме кога ќе остареме, а причината за тоа е ‘рбетниот столб во форма на буквата Ѕ, кој не е премногу функционален во справување со тежината на телото.

Грлата, пак, ни се склони кон гушење, а видот и слухот исто така почнува да се намалува со годините.

Како би изгледале кога би можеле да го одбереме начинот на кој што сме еволуирале?

Професорот по анатомија Алис Робертс за една нова програма за каналот BBC4 одбра кои животински карактеристики би требало да ги имаме за да имаме „совршено“ човечко битие – а резултатот, како што може да се види од сликите, е малку вознемирувачки.



Инспирирана од кучињата, мачките, цефалоподите, рибите, шимпанзата и лебедите, нејзиниот модел има подобро срце со повеќе артерии од сегашното човечко, поефикасни бели дробови, очи кои немаат „мртов агол“, уши со кои звукот подобро се слуша, нозе кои се поефикасни и рептилска кожа коа бргу реагира за да ги блокира штетните ултравиолетови зраци.

Робертс заедно со тимот од научниот музеј во Лондон креирале 3D модел според нејзиниот лик, користејќи делови од други животни – како уши од лилјак и кенгурска торбичка во кое би се чувало новороденчето.

Во нејзината варијанта на „совршен“ човек таа агилноста ја заменила со брзина и исто така го променила обликот на стапалата (со слични стапала од птиците) што значи качувањето по планини не би било возможно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...