Интересна теорија поврзана со интригантната појава на Мона Лиза

Мона Лиза – портретот на сликарот Леонардо Да Винчи на Лиза Џерардини – е најпозната слика во светот. Комплетирана околу 1516, таа ја прикажува жената на богат трговец на свила од Фиренца, а во Лувр се наоѓа од 1797.



Со векови луѓето чекаат редови за да ја видат нејзината енигматска насмевка со свои очи, а притоа се развиле бројни шпекулации помеѓу историчарите на уметност и експертите по уметност која била Џерардини.

Модерните лекари, пак, го истражувале ова ремек дело за да понудат некои објаснувања кои би ја појасниле нејзината појава.

Сега, истражувачко дуо водено од кардиологот Мандип Мера дало сопствена дијагноза на оваа дама.

Според нив, жолтеникавата кожа на Џералдини, разретчената коса, недостатокот на трепки и веѓи и подуениот врат, би можеле да се знаци на хипотироидизам – состојба кога тироидната жлезда не создава нормални нивоа на хормоните Т3 и Т4 кои го регулираат метаболизмот.



Кога во телото има недостаток од овие хормони, црниот дроб не може прописно да го конвертира каротенот – портокаловиот и црвен пигмент кој го има во морковите и останатите обоени зеленчуци – во витамин А. Телото тогаш вишокот каротен го носи во кожата, што резултира со нејзин жолтеникав изглед. Покрај зголемување на тежината, умор, депресија, болки во мускулите, нетолеранција на студ и мноштво други непријатни ефекти, индивидуите со хипотироидизам имаат и потенка коса.

Двата главни причинители за оваа состојба – недостаток на јод и автоимун напад врз жлездата – обично водат до зголемување на тироидата и ширење на тироидните нодули кои можат да се забележат и екстерно.

Во однос на насмевката на Мона Лиза, авторите на оваа студија велат дека хипотироидизмот би можел да доведе и до оштетување на нервите и ослабување на мускулите на лицето, што Џералдини би ја спречило целосно да се насмее.

Авторите објаснуваат дека задебелувања на вратот биле забележани во 70 слики и 10 скулптури од времето на италијанската ренесанса и дека медицинските студии покажуваат дека тие биле екстремно вообичаени во јужна Италија до ден денес.

Уште еден доказ кој го приложува Мера е дека Џералдини родила син само неколку месеци пред да позира за сликата, а една форма на хипертироидизмот се јавува веднаш по бременост и во многу случаи останува постојана.

Сето ова не значи дека нивната дијагноза е 100% точна, но сепак како теорија е интересна и многу веројатна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...