Создадени био-цигли со користење на урина

Дилон Рендал е истражувачки инженер на универзитетот во Кејп Таун и надгледувач на нов проект каде студенти искористиле урина за да ја трансформираат во градежни цигли.

Не само што овие био-цигли би елиминирале една форма на човечкиот отпад, туку би можеле да помогнат и во борбата против климатските промени.



Процесот на нивното создавање бил следниот: прво, била собрана урината преку специјални писоари кои поголемиот дел од неа ја конвертирале во цврсто ѓубриво.

Потоа, преостанатата урина била колонизирана со бактерии кои продуцираат ензим наречен уреаза и била додадена на претходно добиениот песок.

Оваа уреаза потоа реагирала со урината во период од 4 до 6 дена, цементирајќи го песокот во форма на цигла.

Целиот процес се одвивал на собна температура, во споредба со процесот на креирање на традиционални цигли со кој се испуштаат јаглеродни емисии.

Како дополнителен бонус, тимот вели дека преостанатата урина која не била искористена во овој процес можеле да ја конвертираат во уште едно ѓубриво.

Сето ова е само доказ дека еден ваков концепт функционира, а процесот треба да се усоврши за да би бил корисен во иднина бидејќи сега за само една цигла, потребна била количина на урина која се добила со околу 100 одења во тоалет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...