Ланскиот земјотрес во Мексико ја пукнал тектонската плоча

Силниот земјотрес кој го затресе Мексико во септември минатата година е уште понеобичен отколку што се сметало. Не само што имал магнитуда од 8.2 и создал чудни светла на небото, сега сеизмолозите откриле и дека напукнал тектонска плоча.

Техуантепек, т.е Пуебла-Морелос земјотресот се случи во Тихиот Океан на западниот брег на Мексико, каде се наоѓа тектонската граница меѓу плочата Кокос и северно американската, карибската и панамската плоча од која се состои централно американската копнена маса.



Според тоа, земјотресите во овој регион не се невообичаени, бидејќи работ на плочата Кокос се движи под континенталните плочи.

Но, Техуантепек кој се случил на 7 септември и послабиот земјотрес со магнитуда 7.1 кој се случил на 19 септември, биле од реткиот вид на „превиткувачки“ земјотреси.

Таквите земјотреси започнуваат нормално, со судар на тектонските плочи, кога едната почнува да се придвижува под другата.

Но тогаш, како што плочата Кокос почнала да се движи под мексиканското тло, почнала да го менува правецот и да се превиткува нанапред, хоризонтално лизгајќи под плочата врз која се наоѓа Мексико и тоа во должина од 200 километри.



Потоа, јужно од Мексико Сити, на длабочина од околу 48 километри, плочата уште еднаш нагло го променила правецот и почнала да се спушта надолу скоро вертикално, длабоко во Земјината мантија (слојот помеѓу кората и надворешниот дел од Земјиното јадро).

Ова ја превиткало тектонската плоча која пукнала, резултирајќи со насилен земјотрес, од таков тип при кој вообичаено пука само горниот дел на плочата, бидејќи долниот и внатрешноста се компресирани.

Дури сега е откриено дека плочата Кокос напукнала целосно, дури и во делот кој требало да биде компресиран. Тоа се случило на длабочина од 80 километри, на самиот долен раб на плочата.

Тоа претставува уште еден проблем, бидејќи на дното на тектонските плочи температурите достигнуваат до 1100 °C што треба карпите да ги омекне и да ги направи поеластични за да не пукнат, што во овој случај не се случило.

За ова тимот истражувачи има две објаснувања: првото е дека гравитациската сила која ги влече тектонските плочи надолу тоа го правела со доволно моќ да ги напукне, и покрај тоа што биле омекнати и сплескани, а второто е дека солената вода можела да игра улога во тоа, ладејќи ја температурата и реагирајќи со минералите во карпите со што им се зголемила кршливоста.

Земјотресот генерирал и цунами со бранови над 1.75 метри, а доколку епицентарот бил во океанот тој ќе бил уште поразорен, бидејќи сличен земјотрес во 1933-та создал бранови високи 20 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...