Течно гориво кое може да складира сончева енергија 18 години

Шведски научници развиле специјализирана течност наречена соларно термално гориво, која може да ја складира сончевата енергија скоро 2 декади.

Ова гориво е како еден вид на батерија на полнење, но наместо електрицитет во него се складира сончева светлина, а се добива топлина.



Течноста е всушност молекул во течна форма на чие усовршување научниците од технолошкиот универзитет Чалмерс во Шведска работеле повеќе од една година.

Молекулот е составен од јаглерод, водород и азот и кога е изложен на сончева светлина има невообичаена реакција: врските меѓу неговите атоми се преуредуваат и се претвора во верзија полна со енергија, наречена изомер.

Енергијата од сонцето така останува заробена помеѓу силните врски на изомерот и таква останува дури и кога молекулот ќе се излади до собна температура.

Кога енергијата е потребно да се искористи, на пример навечер или зимно време, течноста само се пропушта низ катализатор кој молекулот го враќа во неговата првобитна форма, ослободувајќи ја заробената енергија во форма на топлина.

Енергијата во овој изомер може да биде складирана и до 18 години.



Прототип на ваквиот енергетски систем бил поставен на кровот на универзитетската зграда каде бил успешно тестиран, а резултатите го привлекле вниманието на бројни инвеститори. Прототипот се состои од конкавен рефлектор со цевка во средината, кој со движења како на сателитска антена го следи Сонцето.

Системот функционира така што течноста која се пумпа низ проѕирните цевки се загрева од сончевата светлина, претворајќи го молекулот норборнадиен во изомерот квадрициклен, а потоа се складира на собна температура со минимална загуба на енергијата. Потоа, кога таа енергија е повторно потребна, течноста се филтрира преку специјален катализатор кој молекулите ги конвертира во нивната оригинална форма, загревајќи ја течноста до 63°C.

Вака добиената топлина може да се користи за домашна употреба (загревање на вода за бојлери, машини за перење садови и облеки и сл.), пред повторно да биде вратена на кровот.

Со правилна манипулација, истражувачите сметаат дека можат од системот да добијат уште поголема топлина – најмалку 110°C.  Доколку сè се одвива според планот, оваа технологија би можела да биде достапна за комерцијална употреба во следните 10 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...