Ретко и необично: Пронајден доказ за најдлабоката подводна ерупција

Речиси на врвот на Маријанскиот Ров, научниците пронашле нешто многу ретко и прекрасно.

Некаде во 2015-та, подводен вулкан имал масовна ерупција, испуштајќи истопена магма во океанот.



Како што исклучително врелата магма ја допирала водата, почнала бргу да се лади, што резултирало со широко поле вулканско стакло, на длабочина од 4050-4450 метри, што ја претставува најдлабоката досега откриена вулканска ерупција на Земјата.

Ова огромно поле вулканско стакло се протега на должина од 7.3 километри, во регион познат по активните вулкани поради тоа што се наоѓа на местото каде работ на една тектонска плоча навлегува под друга.

Прв пат кога една ваква подводна ерупција била снимена било во 2009-та, а резултатите од оваа биле за прв пат забележани во декември 2015-та од автономниот подводен дрон Sentry на Вудс Хол океанографскиот институт.

На истата локација ново подводно далечински управувано возило дошло во декември 2016-та, при што бил откриен хидротермален систем кој рапидно се уништувал, индицирајќи дека ерупцијата се случила само неколку месеци пред нејзиното откритие во декември 2015-та.



Типично по ерупција, неколку години се ослободува топлина од кратерот и разните отвори кои ги колонизираат разни организми, креирајќи нов екосистем. Но, по некое време, системот се лади и подвижните организми ги снемува.

Ова на научниците им нуди ретка прилика да го истражуваат овој процес, бидејќи повеќето подводни вулкански ерупции се откриваат многу долго време откако се случиле. Досега, детектирани се само околу 40 подводни протекувања на лава.

Подводните вулкани можат да ни помогнат подобро да се информираме за тоа како функционираат надземните вулкани и како влијаат на океанската хемија која може значително да влијае на локалните екосистеми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...