Создаден уред за добивање вода од сув пустински воздух

Научниците од KAUST (King Abdullah University of Science and Technology) во Саудиска Арабија развиле прототип на уред кој може да апсорбира вода и да ја ослободува по потреба и кој би бил бесценет за луѓето кои живеат во суви пустински региони каде што водата веќе ретко се наоѓа.



Клучен за овој уред е специјалниот хидрогел базиран на сол калциум хлорид. Во неговата нормална форма тој се претвора во солена течност кога апсорбира водена пареа, но благодарение на инженерските иновации тој е модифициран да остане во цврста форма, сè додека од него не е потребно да се добие водата.

Oд тимот научници велат дека најдобриот аспект на овој хидрогел се одличните перформанси кои ги нуди за многу мала цена.

Со околу 13 трилиони тони водена пареа во атмосферата, можноста да се искористи барем дел од таа вода за да се хидрираат луѓето би претставувало огромен чекор напред, особено за стотиците милиони кои живеат во области без соодветни извори на вода.

Иако калциум хлоридот и порано се истражувал за употреба во слични цели, правејќи го материјал практичен за складирање на вода било тешко. Тимот од Саудиска Арабија тој проблем го решил со конвертирање на солта во полимер за да ја задржи формата сè додека не се загрее, а кога тоа ќе се стори, јаглеродните нанотуби помагаат за ослободување на водата.

Идејата е ваквиот уред да ја заробува водата од воздухот преку ноќ, и да ја ослободува (кога ќе се затопли) преку ден.

Тестираниот прототип имал тежина од 35 грама хидрогел, кој успеал да задржи 37 грама вода преку ноќ при релативна влажност од околу 60%.

Следниот ден, 2.5 часа сончева светлина била доволна за да се ослободат 20 грама вода, која била собрана во уред и спремна за пиење.

Научниците сега се надеваат дека ќе успеат да го модифицираат дизајнот така да водата континуирано се ослободува.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...