Дали луѓето сè уште еволуираат?

Најдлабокото нуркање евидентирано од Bajau Laut луѓето од Југоисточна Азија било до длабочина од 79 метри, а најдолгото време поминато под вода било нешто над 13 минути.

Иако тие не нуркаат до овие длабочини или толку долго во нивното секојдневно рибарење, во суштина поминуваат 60 проценти од работното време под вода.



Во истражување објавено во журналот „Cell“ се вели дека тие имаат некои физички и генетски адаптации кои им помагаат да бидат одлични нуркачи. Се чини дека, иако самите себеси се гледаме како да сме на врвот на природниот свет, еволуцијата сè уште трае кај оваа група луѓе и ги менува за подобро да се вклопат во нивната животна средина и невообичаениот стил на живеење.

Bajau Laut традиционално живеат номадски живот на бротчиња, експлоатирајќи ги богатите ресурси на коралните гребени и мангровите шуми во регионот во кој што живеат. Во 20-тиот век, дел од оваа популација се преселила на копно, но продолжиле да живеат со нивните традиционални методи на рибарење. Бидејќи единствената опрема за нуркање им се состоела од дрвени очила и рачни тегови, нивниот успех зависел од способноста да нуркаат длабоко и долго време да го задржуваат здивот.

Интернационален тим истражувачи ги анализирал овие луѓе и открил дека тие имаат значително поголеми слезини отколку луѓето од соседното село кои примарно се занимавале со земјоделие, а не со риболов. Истото било забележано и кај Bajau луѓето кои не нуркаат, што сугерира дека состојбата е наследна и не се работи само за промена кај индивидуалците кои целиот свој живот нуркаат.



Големината на слезината е важна бидејќи таа е резервоар во кој се складираат црвените крвни клетки. За време на нуркањето, таа има контракции и ги испушта дополнителните црвени крвни клетки во крвта, зголемувајќи го капацитетот за пренесување на кислород – истото ова се случува и кај цицачите кои нуркаат, како што се фоките.

ДНК анализа открила уште една промена која се испоставило дека е една од најфреквентните генетски варијации кај Bajau популацијата. Се работи за ген кој помага во контролирање на нивото на хормонот T4, кој се создава од тироидната жлезда. Овој хормон предизвикува забрзување на метаболизмот што помага во справување со ниското ниво на кислород.

Bajau луѓето исто имале ген кој предизвикува крвта да биде преместена од екстремитетите и други „помалку важни“ области од телото за да мозокот, срцето и белите дробови продолжат да добиваат кислород, како и такво кој спречува таложење на јаглерод диоксид во крвта.

Сето ова сугерира дека природната селекција помогнала во „обликување“ на Bajau луѓето за да можат да нуркаат подлабоко и подолго.

Ова не е прв пат да се забележат примери од продолжена човечка еволуција кај специфична група луѓе. На пример, повеќето Тибетанци имаат мутација која создава повеќе црвени крвни клетки како компензација за редуцираното ниво на кислород во воздухот на големи височини.

Други студии покажале дека група Инуити во Гренланд се адаптирале на големата количина маснотии кои ги внесуваат преку храната без зголемен ризик од срцеви заболувања.

Авторите на студијата направена врз Bajau луѓето сугерираат дека разбирањето на нивните адаптации би можело да помогне во истражувањата за третирање на хипоксија, состојба кога ткивата не добиваат доволно кислород поради болест или повреда.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...