GMO домашни билки за прочистување на воздухот од штетни состојки

Нови генетски модифицирани домашни билки би можеле да претставуваат возбудлив напредок во науката со тоа што би биле способни да го прочистуваат воздухот од разни штетни состојки од кои некои се премалечки да бидат заробените во филтрите на разните апарати за прочистување.



Истражувачи од универзитетот во Вашингтон генетски модифицирале вообичаена домашна билка наречена Devil’s ivy за да го отстранува хлороформот и бензенот од воздухот околу неа. Модификуваните билки преку протеин кој го имаат цицачите со име 2Е1 овие состојки ги трансформираат во молекули кои потоа ги користат за да растат.

Малечките молекули како хлороформот (кои во мали количини ги има во хлорираната вода) или бензенот (кој е компонента од бензинот) се таложат во нашите домови кога се тушираме, вриеме вода или складираме автомобили или косилки за трева во гаражите споени со домовите. Овие состојки се премалечки за да бидат заробени од ХЕПА филтрите за воздух, а експонирањето на нив е поврзано со појавата на одредени канцери.

Во нашите тела, 2Е1 го претвора бензенот во хемикалија наречена фенол, а хлороформот во јаглерод диоксид и хлоридни јони, но тој е лоциран во нашиот црн дроб и се вклучува само кога пиеме алкохол и не е способен да ни помогне да ги процесираме загадувачите од воздухот.

Поради тоа, научниците решиле да создадат концепт на „еколошки црн дроб“, бидејќи 2Е1 може да е корисен и за билките бидејќи тие користат јаглерод диоксид и хлоридни јони за да си создадат храна, како и фенол за правење на компонентите на нивните клеточни ѕидови.



Истражувачите создале синтетичка верзија на генот кој дава инструкции за правење на „дива“ форма на 2Е1 која ја вметнале во бршленот така да секоја негова клетка го добила протеинот. Оваа билка не цвета во умерени клими така да генетски модифицираната нејзина верзија нема да може да се размножува преку полен.

Целиот овој процес траел повеќе од 2 години, а при тестирањето било заклучено дека модифицираните билки ја намалувале концентрацијата на хлороформ во воздухот за 82% за 3 дена, а по 6 дена тој скоро и да не можел да се детектира. Концентрацијата на бензенот се намалувала побавно – за 75% помалку за 8 дена.

Една негативна страна на сето ова е што билките во домот би требало да бидат сместени во некаков вид на кутија со нешто што би го движело воздухот од нивните лисја, како вентилатор.

Тимот истражувачи моментално работи на тоа да ги зголеми филтерските способности на билката со додавање на протеин кој може да елиминира уште еден опасен молекул кој го има во воздухот во домовите – формалдехидот. Него го има во одредени дрвени продукти како подови од ламинат и чадот од цигарите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...