Тајна програма за НЛО финансирала разни неверојатни истражувања

Во 2017-та се откри дека американската влада скришно истражувала непознати летечки објекти (НЛО) и необјаснети воздушни феномени.

Се испоставило дека таа потрошила 22 милиони од 600 милијарди долари од годишниот буџет за одбрана во периодот помеѓу 2008-ма и 2011-та за проект наречен „Напредна програма за идентификација на закана од воздухопловно загрозување“ а сега знаеме малку повеќе како дел од тие 22 милиони долари бил потрошен.

Разузнавачката служба објавила листа на 38 наслови асоцирани со проектот по барање на Стивен Афтергуд од 15 август 2018-та, благодарение на законот за слобода на информации. Афтергуд инаку е директор на Федерацијата на американски научници кои истражуваат државни тајни.

Документот од 5 страни не објаснува во премногу детали што сè се истражувало, но многу од насловите се поврзани со практичностите на вселенските патувања како што се материјали кои би можеле да се користат во Вселената, погонски системи и системи за складирање на енергија.

Се спомнуваат и „ласерски оружја со голема енергетска моќ“, а се истражувале и работи кои како да се излезени од научно-фантастични филмови. Една таква студија била наречена „Ворп погон, темна енергија и манипулација на дополнителни димензии“, додека друга истражувала „системи за невидливост“ како наметките од филмовите за Хари Потер.

Поголем дел од тие 22 милиони долари отишле во компанијата Bigelow Aerospace базирана во Лас Вегас, која е во сопственост на хотелскиот могул Роберт Бигалоу.

Во документите од програмата имало информации и за испрашувањата на цивили и воен персонал кои тврделе дека виделе или имале интеракција со НЛО, барајќи знаци на некакви физиолошки промени.

Официјалната позиција е дека оваа програма завршила во 2011-та поради тоа што не испорачувала доволно добри резултати за да нејзиното финансирање продолжи, но според некои извори таа можеби сè уште трае бидејќи полно од луѓето кои ги пишувале извештаите и ги правеле студиите сè уште се на своите стари работни места.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...