Феномени кои науката сè уште не може да ги објасни

И покрај огромниот напредок на науката, постојат бројни феномени кои таа сè уште не може да ги објасни со сигурност, иако за нив постојат разни теории.

1) Зошто зеваме



Научниците не се сигурно зошто воопшто зеваме, а последната теорија помеѓу научниот свет е дека зевањето е терморегулирачко однесување кое го лади мозокот.

Научниците исто така не се сигурни зошто тоа е „заразно“ помеѓу луѓето, но и животните. Студија од 2005-та открила дека невронските мрежи во нашиот мозок одговорни за емпатија и социјални вештини се активираат кога гледаме како некој зева, а истото однесување е забележано и кај шимпанзите кои со зевањето можат да се „заразат“ гледајќи луѓе како зеваат. Копирањето на изразите на лицето на другите ни помага да ја прифатиме и разбереме нивната моментална состојба, што според една студија е причината зошто психопатите не се толку подложни на „заразното“ зевање.

2) Зошто еден вид на печурки расте само во Тексас и Јапонија



Печурката Chorioactis geaster е единствената која расте исклучиво во Тексас и Јапонија. Овие две локации се наоѓаат на иста надморска висина, но миколозите никогаш не успеале да откријат зошто тие растат токму тука. Студија од 2004-та која испитувала ДНК на печурката сугерира дека нејзината популација била поделена на две различни нишки пред околу 19 милиони години.

3) Зошто на северниот пол на Сатурн има бура во форма на шестоаголник



На северниот пол на Сатурн има бура со големина на две Земји, во форма на шестоаголник. Единствена друга природна шестоаголна форма научниците имаат пронајдено само во кристалите, така што не им е јасно зошто бурата на Сатурн изгледа така. Да е уште позбунувачки, таа ја сменила бојата од тиркизна во жолта за само неколку години.

4) Зошто се закривени дрвјата во „танцувачката шума“



Наречена „танцувачка шума“, оваа област во Калининград e исполнета со борови дрвја кои се извиткани во спирали, прстени и други форми.

Тие биле засадени во 1960-тите, а според некои теории причините за закривувањето можат да бидат екстремни ветрови или пак активноста на гасениците Rhyacionia buoliana.

5) Темната материја



Материјата е направена од протони, неутрони и електрони, но составот на темната материја е мистерија.

Една од теориите е дека таа е направена од честички кои едноставно не можеме да ги детектираме и идентификуваме, а студија од 2016-та сугерира дека таа може да е составена од првичните црни дупки.

Темната материја не рефлектира ниту емитира светлина, но голема концентрација од неа може да ја превитка светлината, што е причината што научниците знаат дека таа постои.

Доколку нашето познавање на физиката и Универзумот е точно, постои повеќе темна материја отколку „обична“ материја, и таа е потребна за гравитациското влечење да е доволно моќно за да се креираат планети и галаксии.

6) Зошто мачките предат



Долго време механизмот како мачките предат бил мистерија, а сега се смета дека тоа се случува кога мускулите околу ларинксот (гркланот) се стврднуваат, креирајќи вибрација која го дава звукот на предењето.

Меѓутоа, причината зошто тоа го прават сè уште се дебатира. Една од хипотезите е дека предењето го промовира растот на коските бидејќи фреквенцијата на вибрациите води до стврднување на коските како одговор на притисокот.

7) Кратерот Патом во Сибир



Огромниот кратер со име Патом (според реката блиску до него) е насип од скршен варовник широк 160m. и висок 42m. за кој не е познато како настанал.

Локалното население го нарекува „гнездо на огнениот орел“ бидејќи верува дека таа област е поврзана со смрт, бидејќи растенијата и животните го избегнуваат.

Кратерот прв пат официјално бил „пријавен“ од рускиот геолог Вадим Колпаков во 1949-та, но бил креиран пред околу 500 години. Теориите за неговото настанување вклучуваат нуклеарни експлозии, вселенски бродови, а најверојатната теорија е дека тој се создал како резултат на експлозија на пареа која се случила или за време на поставување на магмата во хидроидните карпи или поради напукнување и декомпресија на загреаните хидролошки карпи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...