Нови вештачки листови би можеле да апсорбираат многу повеќе CO2 од природните

Билките се природни прoчистувачи на воздухот, кои го впиваат јаглероден диоксидот (СО2) и преку фотосинтеза креираат кислород и енергија.

Досега, истражувачите дизајнирале различни „вештачки листови“ кои овој процес го имитираат, меѓутоа иако тие функционрирале добро во лабораториски услови, тоа не го правеле во реалниот свет.



Сега, тим истражувачи од универзитетот на Илиноис во Чикаго (UIC), создале нов вид вакви листови кои би можеле да функционираат во природата.

Според нив, проблемот со досегашните вештачки листови е во тоа што впиваат СО2 од канистери под притисок во лабораторија, а во реалниот свет тоа треба да го прават од воздухот околу нив.

Новиот вештачки лист е поставен во капсула исполнета со вода, конструирана од полупропустлива мембрана. Кога сончевата светлина ја затоплува водата, таа испарува низ мембраната, а истовремено капсулата го впива јаглеродниот диоксид

Вештачкиот лист внатре во неа тој СО2 би го конвертирал во јаглерод моноксид (СО) и кислород, од кои СО би се искористил за креирање на синтетички горива како бензин или метанол, додека кислородот би се ослободувал назад во околината, или би се собирал и складирал.

Според истражувачите, вештачки лист направен со овој дизајн е 10 пати поефикасен во конвертирање на СО2 во гориво во споредба со природните листови. Поставени на површина од 500 квадратни метри, ваквите листови би можеле да го редуцираат нивото на СО2 во воздухот во околина од 100 метри за 10% секој ден.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...