Научниците можат да ви го прочитаат умот пред да донесете одлука

Научниците понекогаш можат да ги видат одлуките пред и самите да знаете дека сте ги донеле.

Кога од партиципанти во една студија било побарано да одберат помеѓу две слики, научниците со помош на слики од fMRI машина успеале да предвидат која ќе ја одберат.



Тие ова го сметаат како доказ дека нашите одлуки се подготвуваат со несвесен „стенд-бај“ режим.

Професорот Џол Пирсон од универзитетот во Нов Јужен Велс побарал група доброволци да замислат слика со хоризонтални или вертикални обоени линии. Кога тие одлучиле која од нив ќе ја визуелизираат, притискале копче. Пирсон го верификувал тајмингот на носењето на одлуката за да се осигура дека луѓето не го одложуваат притискањето на копчето, а во поголем број на случаи тој и неговиот тим успешно го предвиделе крајниот резултат.

Секоја ориентација на линиите се совпаѓала со специфични шари во визуелниот кортекс. Овие шари фреквентно се појавувале и до 11 секунди пред притискањето на копчето, индицирајќи дека мозоците на партиципантите биле предиспонирани за одредена ориентација на линиите пред тие свесно да знаат која ќе ја одберат.



Некои новинарски извештаи поврзани за оваа студија ја опишуваат дека докажува дека немаме слободна волја, и дека сите одлуки кои сметаме дека ги носиме се предодредени, меѓутоа Пирсон не се согласува со ова бидејќи точноста на предвидувањата во некои тестирања била нешто над 50%, што не е ни приближно до 100%, што би се очекувало доколку слободната волја навистина била отсутна.

Тимот истражувачи се надева дека оваа студија ќе помогне во објаснувањето на функционирањето на пост-трауматските стресни пореметувања (PTSD), бидејќи луѓето кои патат од нив покажуваат целосен недостаток на контрола врз содржината и интензитетот на нивните ментални слики.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...