Ресторан ќе служи 3D принтано суши базирано на плунката и урината на купувачите

Јапонска компанија ја споила науката и сушито за да креира храна богата со хранливи состојки базирана на индивидуалните барања на купувачите.

Компанијата Open Meals сака да креира 3D принтано суши со помош на анализирање на плунката, урината и изметот на купувачите, така да секое парче е нагодено според нивните потреби.

Концептот е замислен како ресторан со систем од роботски раце и 3D принтери во кои се внесуваат био-податоците потребни за креирање на сушито.

Истата компанија го претставила нивното 3D принтано суши минатата година, под името „sushi teleportation” – концепт со кој луѓето би можеле да бараат, преземаат и аплоадираат податоци за храна во дигитална платформа поврзана со роботска рака, која потоа би правела 3D принтани коцки направени од гел кој што се јаде.

Сега, Open Meals сакаат да користат „биолошки примероци“ за да креираат суши кое ја исполнува нутритивната побарувачка на одредена индивидуа.



Планот е да се лансира ресторан наречен Sushi Singularity, каде оние кои се заинтересирани да јадат храна инспирирана од нивните телесни течности ќе мора да направат резервација.

По резервирањето, ресторанот би испратил „здравствен тест пакет“ кој содржи епрувети кои треба да се наполнат со плунка, урина и измет, за потоа од нив да се екстрахираат биолошките податоци за да се дознае кои сè хранливи состојки им се потребни на нивните „сопственици“. Тие податоци се испраќаат на роботските раце кои ќе креираат 3D принтано суши кое ги вклучува токму тие хранливи состојки кои недостасуваат на купувачот.

Компанијата планира овој ресторан да биде лансиран во 2020.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...