Супер баба која не чувствува болка го привлече вниманието на научниците

Англиски истражувачи откриле дека пензионерката Џо Камерон (71год.) има извонредни способности предизвикани од генетска мутација, а истражувањето на нејзиниот случај би можел да отвори врати за разни третмани кои на луѓето би им помогнале во опоравувањето по операција, како и за менаџирање на хронични болки и анксиозни пореметувања.

Вниманието на докторите Камерон го привлекла кога на 65 годишна возраст побарала третман за проблеми со колкот, за кој подоцна докторите откриле дека е артритичен и мора да се замени.



Непријатноста и болките по една таква операција обично се силни, но по втората за неа безболна операција докторите решиле подетално да ја испитаат нејзината ситуација.

Преку истражување на нејзината медицинска историја, било откриено дека таа имала пријавувано бројни изгореници и исеченици за кои не чувствувала болка, а често пати ја забележувала повредата само откога ќе почувствувала мирис на изгорено месо. Нејзините рани исто така зараснувале брзо, со многу малку или без воопшто лузни.

Таа исто така можела да јаде и исклучително лути пиперчиња без да почувствува нелагодност или болка.



Научниците од универзитетите во Лондон и Оксфорд кај неа идентификувале две мутации, од која една во генот наречен FAAH кој е добро познат на научниците кои се занимаваат со истражување на болката. Генот FAAH игра улога во деловите од централниот нервен систем кои се задолжени за болката, меморијата и расположението и врз кои дејствуваат состојките од канабисот.

Вториот ген (FAAH-out) претходно бил опишан како „ѓубре ДНК“ без никаква корисна намена, а сега било откриено дека истиот го контролира FAAH генот и во случајот на Камерон, го исклучува.

Таа во тестовите за анксиозност и депресија имала негативен резултат, а изјавила и дека никогаш не паничела во опасни ситуации, како скорешната сообраќајна несреќа која ја преживеала.

Единствен негативен ефект кај нејзината ситуација било тоа што често пати заборавала и и „бегале“ мислите.

Доколку навистина се испостави дека FAAH-out генот е клучен за елиминирање на болката, би можеле да се создадат терапии кои по операциите би ја намалувале болката и би го забрзале заздравувањето на раните.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...