Кучињата можат да намирисаат епилептични напади пред да се случат

Во нова студија се тврди дека кучињата не само што можат да препознаат епилептичен напад пред истиот да се случи, туку истиот можат и да го намирисаат.

Во 1998-ма, Роџер Рип, професор од одделот за физиолошки науки при универзитетот на Флорида, испитувал 77 луѓе на возраст од 30 до 60 години кои имале епилепсија, од кои околу 10% од нив изјавиле дека нивните кучиња изгледале како да знаат дека ќе им се случи напад.



Амели Катала од универзитетот во Рене, Франција, одлучила да тестира дали мирисот на човечкото тело се менува пред да се случи епилептичен напад и дали кучињата можат мирисот да го детектираат и да бидат тренирани да препознаат што тој значи.

На пет кастрирани кучиња кои биле тренирани да детектираат телесни миризби на пациенти со различни болести или пореметувања, им биле дадени примероци од здив и пот од епилептични пациенти кога тие имале напад, кога биле во мирна состојба, и кога спортувале. Резултатите покажале дека нападите навистина биле поврзани со специфична телесна миризба, која кучињата можеле да ја детектираат со импресивна прецизност. Две од кучињата успеале да го детектираат тој мирис со 67% точност, а три од нив биле 100% точни.

Иако се потребни дополнителни истражувања, оваа студија ги дава можеби првите вистински научни докази дека кучињата можат да бидат тренирани да предвидуваат епилептични напади.

Научниците веќе имаат потврдено дека кучињата можат да детектираат болести како рак на белите дробови или градите, благодарение на миризбата додека болеста е сè уште во раните фази, исто така можат и да детектираат кога нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите паѓа на опасно ниско ниво.

Кучињата имаат 300 милиони олфакторни рецептори во нивниот нос, во споредба со само 6 милиони кои ги имаат луѓето. Тоа значи дека тие се 10 000 пати подобри во детектирањето мириси отколку што сме ние.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...