Научници откриле начин како да го спречат замрзнување на водата

Мразот постои во многу различни форми, иако ние вообичаено имаме контакт само со едната негова форма. Научниците се запознаени со околу 20 различни молекуларни видови на мраз – некои се езотерични и ретки, некои постојат само во компјутерски симулации, а некои пак само на далечни планети.



Во нов експеримент, научниците успеале да креираат вода која никогаш не замрзнува, дури и на температури блиску до апсолутната нула (−273.15 °C).

Преку „нано-ограничување“ на водените молекули со помош на синтетизирани мембрани базирани на липиди, истражувачите од ETH Zurich и универзитетот на Цирих успеале водата да ја изладат до -263°C без истата да се замрзне.

За да ги заробат водените молекули, била синтетизирана нова класа на молекули на масти кои се формираат во мек биолошки материјал наречен липидна мезофаза. Во оваа структура, молекулите на мастите се самоорганизираат во екстремно тесна мрежа од меѓусебно поврзани канали, секој со дијаметар помал од 1 нанометар (0.000001 милиметри).



Збиени во тие малечки тунели, водените молекули може да егзистираат во течна форма, но просторот е толку тесен што кристализацијата на мраз е невозможно да се постигне на молекуларно ниво.

Кога кристализацијата не се случува на супер-ниските температури, водата станува „стаклеста“ – таа е во цврста состојба, но не и заледена.

Истражувачите велат дека еден ден мембраните од липидна мезофаза би можеле да им помогнат на научниците да зачувуваат материи базирани на протеини без да ги оштетат, одржувајќи ги во нивната оригинална форма на многу ниски температури.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...