Папрат толерантен на арсен може да се искористи за чистење токсичен отпад

Вообичаеното домашно растение може да се искористи за чистење на токсични опкружувања. Ново истражување покажа дека билката Pteris vitatta (познат како кинески папрат) има способност да акумулира и толерира високо ниво на арсен кое инаку е доволно да ги убие останатите билки и животни.

Овој папрат израснат на почва контаминирана со арсен може да отстрани скоро 50% од отровот за 5 години.

Истражувачите од Универзитетот Пердју ги секвенцирале геномите на папратот за да ги одредат генетските и клеточни механизми кои контролираат колку многу е толериран арсенот. Три гени покажале голема активност кога билката била во контакт со арсен, овозможувајќи складирање на токсичниот елемент ви гранчињата. Протеинот наречен GAPC1 “хемиски го заробува“ арсенатот од почвата – кај другите билки, овој протеин користи фосфати за да ја искористи глукозата за енергија, но кај папратот тој има поголем афинитет кон арсенатот отколку кон фосфатите, што како резултат го неутрализира ефектот на арсенот.

Модифицирање и на други видови на билки да ги имаат истиве генетски предиспозиции еден ден може да помогне да се отстрани арсенот од контаминираната почва на брз и ефикасен начин.

Инаку, подземните води и почвата контаминирана со арсен се потенцијална закана за стотици милиони луѓе низ светот. Овој токсичен металоид ги труе луѓето кои ја пијат контаминираната вода или јадат продукти растени во контаминирана почва, а штом навлезе во човечките клетки тој предизвикува клеточна смрт преку оксидативен стрес, или преку мешањето во способноста на клетката да произведува АТП – молекул потребен за клетките да имаат енергија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...