Kако луѓето би се промениле доколку се преселат на друга планета?

Еволуцијата го оформила секој жив организам на Земјата да се адаптира на опкружувањето во кое што живее, но како луѓето би се промениле доколку се преселат на друга планета?

Скот Соломон, професор по еволутивна биологија на Универзитетот Рајс, во интервју изјави дека верува дека потомството на првите доселеници на Марс може да има одредени адаптации кои луѓето на Земјата ги немаат.



Марс не е гостопримливо место – црвената планета има гравитација колку една третина од онаа на Земјата. Тоа значи дека таму може да се скокне повисоко и да се креваат поголеми тежини, но и коските би биле покршливи што би претставувало дополнителна компликација за жените кај кои се јавува недостаток на калциум за време на бременоста и менопаузата.

Така, една адаптација низ која би поминало човечкото тело се погусти коски кои би се справувале со ефектите од слабата гравитација.

Уште еден проблем претставува радијацијата. Бидејќи Марс нема заштитно магнетно поле како Земјата, на неговата површина радијацијата изнесува 500 милисиверти годишно, што е 10 пати повеќе од радијацискиот лимит за луѓето кои работат во нуклеарните електрани и 2-3 пати повеќе од она што астронаутите го искусуваат на Интернационалната вселенска станица (ISS).

Зголемувањето на радијацијата ќе влијае на мутацијата на ДНК на луѓето на Марс. Некои мутации може да доведат до нови адаптации, но ќе се зголеми и појавата на разни канцери и леукемија.



Една возможна адаптација која би се справувала со големата радијација е развивање на нови бои на кожата. Луѓето користат меланин кој го дава темниот пигмент на кожата и влакната, кој не штити од ултравиолетовата светлина од Сонцето.

Други видови, пак, користат картеноиди, па така луѓето на Марс може да развијат сосема различни соединенија кои би ги штителе од радијацијата.

Бидејќи еден од начините за помала изложеност на радијација е базите да бидат подземни (каде почвата ќе служи како штит), тоа може да доведе до уште една адаптација. Разни истражувања покажуваат дека постојаниот престој во затворен простор допринесува за развивање на кратковидост, што значи дека живеењето во подземни простори би можело да значи дека оваа состојба ќе биде вообичаена кај луѓето на Марс.

Еволуцијата може да нè ослободи и од нешто што не сакаме да го носиме со нас од Земјата – а тоа се микробите. Иако ниеден вселенски брод не е стерилен, можеби ќе биде возможно значително да се намали бројот на микробите кои со нас би ги донеле на Марс и кои би претставувале опасност. Тоа, пак, може да доведе до ослабување на имунолошкиот систем, поради што контактот помеѓу луѓето од Земјата и „Марсовците“ ќе треба да биде исклучително контролиран поради ризикот од ширење на инфекции кои на Земјата се безопасни, но на Марс можат да бидат смртоносни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...