Декодиран геномот на бактерија која ја предизвикала чумата во средновековна Европа

Yersinia pestis е бактеријата одговорна за првата пандемија на чума во средновековна Европа (Јустинијанската чума од 541 до 750 год.), како и за сите последователни. Од првата чума изумреле скоро 100 милиони луѓе во Азија, Африка и Европа само во првите 5 години.



Сега, интернационален тим истражувачи од Макс Планк институтот за науката на човечката историја ги анализирале остатоците од 21 жртва од чумата и реконструирале 8 нејзини геноми за да ја откријат бактеријата одговорна за неа.

Јустинијанската чума – именувана според Јустинијан први, водачот на Византиската Империја – започнала во 541 година и од централна Азија се проширила во Египет пред да пристигне во Истанбул (тогашен Константинопол) и остатокот на Европа. Во следните 200 години разните епидемии убиле околу 25% од вкупната популација, и допринеле за распаѓањето на Источното Римско Царство.

Иако како главен причинител била откриена бактеријата Y.pestis, начинот на кој што се ширела и поврзаноста помеѓу разните нејзини нишки останува делумна мистерија. Со реконструирање на геномите на 8-те нишки од 21-те жртви од Австрија, В.Британија, Франција, Германија и Шпанија, научниците успеале да ја споредат нивната структура со веќе познатите антички и модерни нишки на бактеријата.



Резултатите покажале дека постојат многу повеќе нејзини нишки отколку што претходно се сметало, од кои дел биле генетски многу блиски, а некои коегзистирале во исто време на исти места.

Биле детектирани и знаци на еволуција помеѓу различните нишки, а оние кои се појавиле подоцна покажале адаптации во нивниот генетски код слични на оние пронајдени во геномите од подоцните фази на втората пандемија (т.н „Црна чума“).

Тимот не успал да го идентификува потеклото на чумата пред епидемијата во Египет во 541, а се смета дека таа се појавила во Централна Азија неколку стотици години пред тоа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...