Листа на гени кои можат да ни дадат натчовечки “моќи“

Генетичарот од Харвард, Џорџ Чурч, познат по неговиот план да го воскресне волнениот мамут, состави листа од генетски мутации и измени кои на луѓето би можеле да им го продолжат животот и да им дадат натчовечки „моќи“.



На листата се забележани добрите и лошите страни на модификување на секој од гените. На пример, специфична мутација на LRP5 генот може да ни даде супер-силни коски, но со тоа и побрзо ќе тонеме во вода. Други модификации, на пример, би не направиле отпорни на радијација, или би ни дале можност значително повеќе да издржиме под вода.

Сè на сè, листата ни дава еден мал преглед на промени кои можеме да ги очекуваме да се изведуваат штом „хакирањето“ на човечки гени стане побезбедно и достапно за сите.

На многу малку генотипи се запишани лошите страни, што илустрира колку малку знаеме за одредени гени. Сепак, Чурч обележал дека модифицирање на одредени гени може да предизвика сериозни медицински проблеми.

На пример, „исклучување“ на генот PCSK9 би ги намалило шансите за развивање на коронарни болести, но би ги зголемило шансите за развивање на дијабетес и когнитивни оштетувања. Отстранувањето, пак, на CCR5 генот ја зголемува резистентноста на HIV, но исто така ја зголемува и чувствителноста кон смртоносниот вирус на Западен Нил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...