Бактерија може да помогне во создавање на „вакцина против стрес“

Научниците изолирале уникатен молекуларен шаблон кој еден ден би можел да овозможи креирање на „вакцина против стрес“ – и тоа скриен во бактерија која расте во почвата.

Mycobacterium vaccae е непатогена бактерија која живее во почвата, а специфичен вид на маснотија во неа е причината зошто експонирањето на оваа бактерија може да е добро за луѓето.



Студијата се базира на идејата на „стари пријатели“, хипотеза која вели дека луѓето коеволуирале со разни други корисни микроорганизми, а губењето на тие врски во модерното опкружување довело до зголемување на алергиските и автоимуни болести.

Невроендокринологот Кристофер Лоури ја истражува M.vaccae со години и во претходна студија открил дека глувците инјектирани топлински-усмртена бактерија од овој вид ги спречило реакциите предизвикани од стрес кај животните.

Но сè досега, никој не бил сигурен што било тоа во бактеријата одговорно за таквите ефекти

Во новата студија, истражувачите ја изолирале и хемиски ја синтетизирале масната киселина наречена 10(Z)-хексадеценоична киселина, која е причината што бактеријата може да ја редуцира инфламацијата кај другите животни.

На молекуларно ниво, овој липид функционира со спојување на рецепторите наречени PPAR со што ги инхибира инфламаторните патеки, барем кај глувците.

Потребни ќе бидат уште многу истражувања за да се утврди дали истиот ефект може да биде реплициран и кај луѓето, а доколку успеат во тоа, научниците велат дека за некои 10 до 15 години би можела да се креира „вакцина против стрес“ која на луѓето кои имаат високо стресни професии би им го намалила ризикот од развивање на пост-трауматско стресно растројство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...