Арктикот кој се топи ослободува отрови, болести и нуклеарен отпад

Сè повисоките температури го топат мразот на Арктикот, а покрај античките фосили под мразот лежат замрзнати токсини, нуклеарен отпад и доволно изолиран јаглерод кој би можел да ја дуплира количината на стакленични гасови во атмосферата.



Според сегашната употреба на фосилните горива, 30% до 70% од арктичкиот мраз ќе се истопи до 2100 година процес кој ќе предизвикува бројни ефекти. Јаглеродот заробен во органската материја ќе почне да се разложува од микробите кои го користат како гориво за енергија, а потоа ослободуваат СО2 и метан.

Шведската организација задолжена за управување со нуклеарниот која складира таков отпад за Шведска, Финска и Канада, зависи од мразот кој безбедно го заробува. Doomsday Vault-от, т.е огромното складиште на семиња од растенија, исто така зависи од него.

Опасни болести како Шпанскиот грип, големите сипаници, па дури и бубонската чума можеби се заробени во мразот и можат да се ослободат кога тој ќе се истопи. Во француска студија од 2014-та, вирус стар 30 000 години кој бил замрзнат бил повторно вратен во живот – што значи дека некои вируси можат да преживеат и 300 века во мразот.



Во летото 2016-та, пак, група номадски одгледувачи на ирваси се разболеле од мистериозна болест, за која се шпекулирало дека е „Сибирска чума“, последен пат видена во регионот во 1941-ва.

Кога младо момче и 2500 ирваси умреле, причината за смртта била идентифицирана – се работело за антракс. Неговото потекло било од одмрзнат леш на ирвас кој бил жртва на епидемија на антракс пред 75 години.

Решението против топењето на Арктикот е исто како и за спречувањето на останатите климатски промени – што побрзо намалување на емисиите на штетни гасови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...