Во нова студија се тврди дека начинот на кој што клетките на растенијата сигнализираат не е нешто што може да се спореди со нервниот систем кај животните.
Билките можат да почувствуваат и да реагираат на звуци, кај некои допирот на нив предизвикува реакција, а можат и да комуницираат едни со други.
Уште од раните 2000-ти, ако не и порано, се води дебата дали билките имаат нешто невролошко во нив, т.е дали имаат свест.
Од она што досега е познато на науката е дека билките и животните еволуирале многу различни стратегии за живеење, а имањето на развиен нервен систем не би им дало апсолутно никаква предност на билки.
Само животните имаат мрежа неврони одговорни за процесирање на стимулации и калкулирање на реакции, а однесувањето на билките потекнува од координацијата на нивни индивидуални клетки и ткива.
Со оглед на тоа дека некои животни немаат свесност (а имаат мозоци), тогаш може да сме сигурни дека билките кои не само што немаат мозоци, туку немаат ни неврони, исто така ја немаат.
Заклучокот на истражувачите Тод Фајнберг и Џон Малат кои ја истражувале еволуцијата на свеста преку компаративни студии на едноставни и комплексни животински мозоци е дека само 'рбетниците, членконогите и цефалоподите ја имаат потребната структура на мозокот за свесност.