Што ќе се случи кога ќе се распука раседот Сан Андреас?

Томас Џордан, директорот на центарот за земјотреси на Јужна Калифорнија, неодамна изјави дека раседот Сан Андреас е во критична состојба и може во секое време да генерира силен земјотрес.

Повеќето сеизмолози се согласуваат со тоа, поради фактот што силно ослободување на стрес од неговата јужна област немало уште од 1857-ма. Сан Андреас раседот инаку е еден од многуте системи кои ја обележуваат границата помеѓу тектонските плочи на Пацификот и Северна Америка кои се движат во јужна насока, а бидејќи онаа од Пацификот е побрза од американската, стресот помеѓу нив две постојано се зголемува.



Во 1906-та, дел од овој притисок катастрофално се ослободил во заливот Сан Франциско преку земјотрес со силина од 7.8 степени, а потоа и во јужна Калифорнија во 1989-та, со силина од 6.9 степени.

Настани со оваа магнитуда се немаат случено во јужниот дел на раседот, што доведува до заклучок дека првиот кој што ќе се случи ќе биде т.н “Big One”, т.е „големиот“.

Колку силен би бил овој потенцијален земјотрес и дали би бил сличен како оној од филмот „Сан Андреас“?



Во филмот, земјотресот е со силина од 9 степени, додека пак во реалноста предвидувањата се дека најголемата магнитуда би била до 8 степени, со 7% можност дека еден таков би можел да се случи во Јужна Калифорнија во следните 30 години. Во истиот период, има 75% шанса да се случи земјотрес со силина од 7 степени. Иако разликата помеѓу 7, 8 и 9 степени не делува преголема, енергијата која се ослободува при ваквите настани значително варира – земјотрес од 9 степени ослободува 32 пати повеќе енергија од оној со 8 и 1000 пати повеќе од оној со 7.

Исто така, за разлика од настаните во филмот, еден силен земјотрес не би генерирал цунами, ниту пак би отворил огромни дупки во земјината кора, бидејќи тектонските плочи се движат една врз друга, а не се оддалечуваат една од друга.

Она што е најверојатно е прикажано најреалистично е степенот на деструкција, која би се случила и покрај тоа што дури и постарите градби во Калифорнија се сеизмички зајакнати.

Со цел да се проценат ефектите од еден ваков земјотрес, бил моделиран настан со магнитуда од 7.8 степени.



Било откриено дека штетите би изнесувале околу 33 милијарди долари, а најмногу би биле оштетени градбите околу самиот расед – 966 патишта, 90 фибероптички кабли, 39 цевки од гасовод и 141 далновод.

Се проценува дека штетата од пожарите кои би избувнале како резултат на прекинатите гасоводни цевки би чинела повеќе отколку онаа предизвикана од самото тресење.

Бројот на жртви се проценува на околу 1800, а главниот земјотрес би ја дестабилизирал тектониката во регионот, со што би се предизвикале серија силни афтершокови



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...