Air Protein - технологија за креирање месо од воздух

Др. Лиза Дајсон од технолошкиот институт во Масачусетс е извршниот директор на стартап компанијата наречена Air Protein, која работи на пронаоѓање на нов пристап за креирање на месо, инспирирана од Вселената.



Научниците на NASA во 60-тите и 70-тите разгледувале многу идеи за растење на храна во Вселената, при што развиле нова технологија способна да креира месо од елементи од воздухот, како СО2 (јаглерод диоксид).

Според Air Protein, тие идеи вклучувале креирање на храна низ систем со „затворена јамка“ (closed-loop), каде микроби би можеле да се користат за конвертирање на воздухот издишен од астронаутите, во храна.

Нивната нова технологија користи почетна култура (слично на онаа потребна за креирање на јогурт), на која потоа се додаваат вода, електрицитет и СО2, по што се добива протеин богат со сите есенцијални амино киселини. Кога тој протеин се меша со други природни состојки се добива мешавина од која може да се креира вкусно месо.

Почетната култура се состои од природни едноклеточни организми кои функционираат како фотосинтетизирачки билки, со конвертирање на јаглеродниот диоксид во нутритиенти.

Air Protein се приклучува на растечкиот пазар на стартап компании кои бараат нови начини за развивање на поодржливи алтернативи на месо како што се Memphis Meats (кои тоа го прават со процес кој вклучува мал број на животински клетки), како и една од Финска која произведува протеин од бактерии од почвата.

Од Air Protein сметаат дека нивниот протеин би бил корисен за долгите вселенски патувања, покрај тоа што и на луѓето на Земјата би им овозможил да уживаат во високо протеинска храна која ќе може да ја креираат „од нула“ за само неколку часа (без обработлива почва или убивање на животни).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...