Гасеници би можеле да помогнат во елиминирање на пластичниот отпад

Научниците откриле дека ларвата на восочниот молец (Galleria mellonella) има способност да јаде и разградува полиетлиен, вид на пластика кој се користи во кеси за купување, садови за храна и останати видови на пластични амбалажи.



Истражувачите од универзитетот Брендон откриле дека оваа „многу гладна гасеница“ била способна да преживее на исхрана исклучиво со пластика повеќе од една година.

Во дивината, овој вид гасеници навлегува во пчеларниците и го консумира восокот кој го формира саќето, а полиетиленот е направен од слично структуирани хидројаглеродни ланци.

За потребите на студијата, истражувачите откриле дека гасениците биле способни на тоа благодарение на специфичните видови на бактерии кои живеат во стомакот на ларвата, а единствениот нуспроизвод од деградацијата на пластиката е форма на алкохол наречен гликол.

Иако научниците и порано ги истражувале бактериите или габите кои се хранат со пластика, овие микроскопски организми тоа го прават премногу бавно. Ларвата на восочниот молец, пак, е стрвна и гладна – 60 такви ларви можат да изедат 30 квадратни сантиметри пластични кеси за помалку од една недела.

Иако проблемот со загадувањето со пластика е преголем за да би се решил со „фрлање на гасеници“ каде што има големи количини од пластичниот отпад, сепак тие би можеле значително да ни помогнат подобро да разбереме како бактериите функционираат заедно со гасениците и какви услови го предизвикале нивниот раст, со цел да дизајнираме подобри алатки наменети за елиминирање на пластиката и микропластиката од нашата околина.

Во меѓувреме, загадувањето со пластичниот отпад сè повеќе се зголемува, а доколку не се преземе ништо во врска со тоа, се проценува дека пластичниот отпад во океаните ќе тежи повеќе од рибите во нив, до 2050-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...