Студија покажува зошто не треба да му викате на кучето

Ново истражување сугерира дека никогаш не треба да му се вика на кучето, бидејќи тоа може да има долгорочни негативни ефекти на неговото ментално здравје.



Специфично, кучињата кои посетувале школи каде биле користени аверзивни методи (како користење на околувратник кој кучето го шокира со електрицитет) покажувале стресно однесување и држење на телото за време на тренингот, песимистично однесување по тренингот, како и зголемено ниво на кортизол.

Вакво слично истражување било направено и претходно (со исти резултати), но примарно се однесувало на полициски и лабораториски кучиња.

Интернационален тим истражувачки тим на чело со биологот Ана Катарина Виера де Кастро од Universidade do Porto во Португалија сега направил студија врз кучиња-придружници кои биле регрутирани од бројни школи за тренинг во Порто.

Четириесет и две од нив користеле тренинг базиран на награди (како храна или играње), додека 50 користеле аверзивен тренинг кој вклучувал викање, физичко манипулирање и влечење на поводникот.

Секое куче било снимано во првите 15 минути од 3-те тренинг сесии и биле земани примероци плунка за да се процени нивото на стрес од тренингот – три примероци од секое куче додека било релаксирано по дома и три после тренингот.

Истражувачите исто така го анализирање однесувањето на кучињата за време на тренингот во потрага по стресно однесување, како зевање, лижење на усните, цвилење, кревање на шепите и сл.

По овие анализи, било утврдено дека кучињата со аверзивниот тренинг покажале зголемени стресни однесувања, особено зевање и лижење на усните, а во нивната плунка имало значително зголемено ниво на кортизол во споредба со она кога биле релаксирани по дома.

Во споредба со нив, кучињата од другата група покажувале многу малку стресно однесување и имале многу нормално ниво на кортизол.

Еден месец по тренингот, 79 од кучињата биле повторно собрани и тренирани со сад во кој имало колбаси. Доколку садот бил на една страна од просторијата, во него секогаш имало вкусно месо, а доколку бил на спротивната страна, никогаш немало храна во него. Претходно, сите садови биле премачкани со колбаси за да се осигура дека мирисот нема веднаш да ги наведе кучињата само кон садот каде што е храната.

Потоа, истражувачите ги поместувале садовите низ собата на непознати локации за да видат колку брзо кучињата ќе ги бараат – поголемата брзина значела дека кучето очекувало вкусно јадење, додека побавната дека кучето било попесимистично во поглед на тоа што ќе најде во садот.

Очекувано, колку поаверзивен тренинг поминало кучето, толку побавно се доближувало до садот. Кучињата од другата група, пак, многу побргу го лоцирале садот со колбасите.

Сето ова сугерира дека позитивниот тренинг базиран на награди е поефективен,и дека влијае многу подобро за среќата на кучето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...