Со радар можеби е откриен гробот на кралицата Нефертити

Археолозите со години се соочуваат со уникатниот проблем на откривање на тајните на египетската „Кралска долина“.

На пример, влезот во гробницата на Тутанкамон бил затскриен од гробницата на Рамзес VI – бидејќи гробниците намерно биле изградени за да никој не може да ги пронајде, имајќи ги во предвид сите скапоцености кои биле оставени во нив, а кои биле во сопственост на богатите фараони.



По локацијата на саркофагот на мајката (или маќеата) на Тутанкамон, кралицата Нефертити, се трага веќе со декади, а скоро секоја година некој објавува дека ја „пронашол“ , за да се испостави како неточно.

Најпопуларна теорија е онаа дека таа е скриена во тајна комора во гробницата на Тутанкамон, а во студија објавена во 2015-та била спомената слика во висока резолуција за која се верува дека ја открива локацијата на скриените врати во гробницата. Теоријата потоа била подржана од специфичните линии забележани на кровот, што ги навело истражувачите да веруваат дека една од „собите“ всушност била коридор, затворен со лажен ѕид.

Во најново откритие, тим воден од археологот Мамду Елдамати, поранешен египетски министер за антиквитети, со помош на радар кој пенетрира во земјата, успеал да ја скенира областа околу Тутанкамоновата гробница, при што наводно бил идентификуван претходно непознат простор сличен на коридор неколку метри под погребната комора.

Теоретски, идејата за скриена комора во самата гробница има смисла, бидејќи собата на Тутанкамон е необично малечка за таков кралски лик. Просторите детектирани со радарот се прикажуваат како светло сини области, што индицираат некаков вид на процеп. Тимот сè уште не може да потврди дали овој нов простор висок 2 метри и долг 10 метри е поврзан со погребната комора на Тутанкамон, но познато е дека се наоѓа на иста длабочина и е поставен паралелно со влезниот коридор на гробницата.

Елдамати планира да врши дополнителни истражувања на областа северно од познатата погребна комора, но тоа го отежнуваат клима уредите без чие отстранување нема да биде возможно да се скенира областа со радарот. Неговиот тим се надева дека тоа ќе го постигне со користење на различна антена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...