Австралиски истражувачи: На Земјата има 50 милијарди птици

Околу 50 милијарди птици ја населуваат планета Земја, според екстраполација на австралиски научници објавена во Зборникот на Националната академија на науките на САД. Ова значи дека на планетава има околу шест пати повеќе птици отколку луѓе.



Тим предводен од проф. Вилијам Корнвел од Универзитетот на Нов Јужен Велс (УНСВ) во Сиднеј разработил податоци за 9.700 познати видови птици од цел свет. За нив се смета дека претставуваат 92 отсто од сите постоечки видови. Истражувачите комбинираа научни истражувања за одделни видови во одредени области со речиси една милијарда записи во интернет-орнитолошката база на податоци, е-Бирд.

Заклучокот гласи дека има релативно мал број вообичаени видови и многу голем број ретки видови.

Меѓу првите 10 најраспространети птици во светот се градското врапче (1,6 милијарди), сколовранецот (1,3 милијарди), прстеноклунестиот галеб (1,2 милијарди) и селската ластовичка (1,1 милијарда).

-Има значителен број многубројни и малубројни видови птици во светот – со 50 милијарди единки. Но, прашањето – зошто и како тие достигнале до таа бројка ќе биде во средиштето на идните научни трудови за еволуцијата, екологијата и зачувувањето на сѐ тоа, се вели во написот.

Истражувачите откриле дека најмал број птици имаат видот киви од Нов Зеланд (3.000) и ендемичните мезити (154.000) од Мадагаскар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...