Запознајте го единственото бесмртно суштество на планетата

Ако бевте скептични кога го прочитавте насловот, време е да дознаете дека бесмртноста навистина постои. Станува збор за жив организам, кој не е со микроскопска големина, туку е доволно голем да се види со голо око. Според научниците, Turritopsis nutricula, од класата хидрозои (Hydrozoa), е единствениот организам кој успева да ја измами смртта.

Според досегашните научни сознанија, секое живо суштество е осудено да умре, откако ќе го заврши својот животен циклус.
Хидрозоите претставуваат огромна класа на животни предатори кои најчесто живеат во солени води. Се верува дека потекнуваат од Карипските Острови, но денес се распространети насекаде. Како вид тие се најслични со медузите. Од јајцата и сперматозоидите се формира возрасна медуза, која понатаму се развива во фаза на полип. Кога се во таа фаза, медузите стануваат бесполови.

Сепак, Turritopsis nutricula успева да најде начин да ја победи таа фаза. Она што ги прави единствени овие мали суштества е тоа што откако ќе достигнат сексуална зрелост, тие се враќаат во сексуално незрела, колонијална фаза. Што е уште поизвонредно, додека се млади тие имаат само неколку пипци, а кога ќе ја достигнат зрелата фаза, нивниот број се зголемува на 80-90.

Нивната способност за враќање во фазата на полип се должи на клеточна промена во надворешната страна (Exumbrella), што им дозволува да ја избегнат смртта. Овој процес може да се одвива бесконечно. Колку што успеале да откријат научниците досега, кога ќе се исклучат можните болести или ловење од предатори, оваа клеточна промена ги прави хидрозоите фактички бесмртни.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...