Децата родени од повозрасни мајки се поздрави и поинтелегентни

Можеби тешко е да ги фатите - и без сомнение тие повеќе ги заморуваат своите мајки - но децата родени од мајки постари од 40 години се поздрави и побистри отколку оние од помлади мајки.

Децата на постарите мајки имаат помалку изгледи дека ќе доживеат несреќи или потреба за болничка нега, и имаат повеќе шанси порано да бидат вакцинирани, стои во едно истражување. Тие исто така ќе развијат пообемен говорен речник во пораната младост, и ќе постигнат повисоки резултати на тест за интелигенција во опсегот до пет годишна возраст.

Истражувањето кое беше претставено на конференцијата на Кралскиот колеџ за педијатрија и детско здравје во Глазгов, е редок пример на добри вести за се поголемиот број жени кои го одложуваат раѓањето за подоцна. Претходните студии ја истакнуваа зголемената стапка на неплодност кај постарите жени и зголемениот ризик од тоа тие да развијат дијабетес и висок притисок во бременоста.

Но последното истражување покажува дека повозрасните жени кои ќе се породат, може дури и да имаат корист, посебно поради нивното поголемо животно искуство и зрелост.

Бројот на мајки кои се пораѓаат на возраст над 40-та година, пораснал од 15.000 во 2000 на 27.000 во 2010.

Истражувачите во Институтот за детско здравје, Универзитетот во Лондон и колеџот Брибек во Лондон, објавија дека нивното откритие покажува дека постарите мајки можат да бидат подобри родители.

Д-р Алистер Сатклиф, кој работел на истражувањето, вели дека негативниот публицитет кој го опкружува растот на бројот на постари мајки, е базиран на нивните физички ризици во бременоста и при породувањето.

Тој вели: „Имаме јасни докази дека постојат попожелни исходи за децата на повозрасни мајки во споредба со помладите мајки. Сега можеме да ги увериме овие повозрасни жени дека нивните деца се со подобри изгледи“.

Во студијата која ја финансираше фондацијата Велком, беа испитувани 1.100 деца родени од жени над 40-та година, во споредба со 38.000 деца родени од помлади жени во Британија. Возраста на децата беше од девет месеци до пет години. Децата од повозрасни мајки имаа помалку изгледи да доживеат несреќи или потреба за лекарска помош, и немаа ризик од претерано здебелување.

Д-р Сатклиф вели дека повозрасните мајки можеби се посвесни за ризици, најверојатно затоа што се помалку активни и неспособни да трчаат по нивните деца, но се можеби и подобри во забележување и избегнување на ситуации со потенцијални ризици.

Во истражувањето исто така беа проверени и бројни исходи поврзани со вештините на родителствувањето, меѓу кои се и речникот на изразување, идентификување на слики и облици, и развојот на коефициентот на интелигенција според стандардизираната скала на постигнувања во Британија. Откритието покажува поголема способност помеѓу децата родени од повозрасни мајки, кога ќе се земе во предвид и социјалната класна припадност.

Претходните истражувања открија дека три пати повеќе деца од оние родени од повозрасни мајки матурираат во споредба со оние деца родени од помлади мајки.

Д-р Сатклиф вели: „Откривме континуитет кој ни ги покажува поврзаноста помеѓу постарата возраст на мајките и подобрите исходи. Тоа пред се е ефект на возраста. Прашањето сега е зошто е тоа така? Излегува дека повозрасните мајки имаат подобри вештини на родителствување, дека може да бидат помалку импулсивни и посмирени, и да имаат поголемо животно искуство што ги прави посоодветни за нивната улога. Се повеќе жени раѓаат на постара возраст, и ова нема да престане. Тие го избираат мајчинството во таа возраст од повеќе причини. Доказот наведува дека кога големите тешкотии од бременоста и раѓањето ќе завршат, тие можат да бидат подобри мајки“, додава тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Зошто Трпе има дупче на фрижидерот?
- За да провери дали му се гаси сијаличката кога ќе ја затвори вратата.

* * *
Некој Влав го прашува синот на полу-матура:
- Сине, кажи...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1304.- Во Арецо е роден Францеско Петрарка, голем...
1785.- Роден е турскиот султан Махмуд Втори, кој...
1819.- Република Колумбија доби независност....
1847.- Роден е германскиот сликар и графичар...