Откопан уште еден вампир во Полска

Група археолози во градот Камиен Поморски, северозападна Полска, пронајдоа нова вампирска гробница.

Се верува дека гробницата датира од 16-тиот век кога во централна Европа владеел стравот од вампири и многумина биле закопувани на специфичен начин, за да не станат од својот гроб.

Во ногата на починатиот е забиен колец, а од устата се извадени горните заби и е ставено парче цигла што јасно укажува на вампирски погреб.

Според верувањата кои биле застапени во периодот од 13-от до 17-от век, луѓето кои биле злобни додека биле живи, можеле да се претворат во вампири после смртта, па затоа биле прободувани со колец во срцето.

Освен тоа постоел обичај да се прободува колец и по другите делови од телото, како и да се вадат забите со цел да се спречи вампирот да ја пие крвта на невините доколку некогаш се врати од мртвите.

Колку и да звучи бизарно, во Полска и во други делови на Европа досега се пронајдени многу луѓе кои што се погребани на овој начин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...