Дали е можен вечен живот?

Со напредокот на технологијата и медицината, луѓето не ретко се прашуваат дали еден ден ќе биде возможно да се живее вечно.

Според истражувањата на група француски научници, вечниот живот и понатаму останува недостижна мечта бидејќи кај човечките суштества постои своевидна биолошка бариера која го спречува тоа.

Тимот на научници ја истражувал смртта на 1205 супер стогодишници кои починале помеѓу 1899-та и 2013-та година, како и на 19 012 атлети кои се натпреварувале на Олимписките игри од 1896-та до 2012-та година.

Кај супер стогодишниците е забележано дека животната граница се зголемувала се до 1997-ма година, слично како и кај атлетите.

Во последните години не е забележано зголемување на животната граница кај овие групи на луѓе, што сугерира дека најверојатно и во иднина нема да има појава на растечки тренд. Научниците претпоставуваат дека постои невидлива биолошка бариера која ги оневозможува луѓето да го зголемат својот животен век.

Сепак, тие напоменуваат дека нивната претпоставка се базира на релативно мал број на луѓе и на ограничен временски период, објаснувајќи дека трендот кој што го забележале можеби е само привремена аномалија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...