Треба ли да се загрижиме за климатските промени?

Од 16 до 21 август се одржа првата меѓународна конференција во Монтреал за климатските промени, од каде што експертите се вратија со најавувања за права метеоролошка катастрофа.

Жителите на планетата ќе се соочуваат со почести турбуленции во воздухот, топли и поларни бранови, како и цунами во океаните кои ќе предизвикаат бранови и до 40 метри височина. Исто така, соопштено е дека во првата деценија на овој век, просечната температура на Земјината површина се зголемила за 0.47˚С, а до 2050 година се очекува да се зголеми за 2 степени.



Повеќето научници сметаат дека климатските промени ги предизвикува човекот. Тие се јавуваат како последица на загадувањето на атмосферата, ефектот на стаклената градина, глобалното затоплување и дневните случувања во атмосферата.

Сепак, професорот д-р Младен Чурич од институтот за метеорологија во Белград смета дека климата не се менува.

- Не сакам кога слушам дека терминот „промена на клима“ се користи за сѐ и сешто. Со тоа се нарушува суштината на климата. Бидејќи сите очекуваат секоја годишна доба да биде иста, за промената на клима се зборува како за најцрно случување. Но, ако времето е поразлично се нарекува екстремно. И екстремните промени на климата се нормални. Работата на метеорологот, не е да докажува дека климата е променлива, бидејќи таа не може да биде иста, туку би требало да ја карактеризира таа екстремност, а тоа е можно само ако ги земеме во предвид претскажувањата и податоците за климата.

-Периодот за собирање информации за климата е многу краток, 200 години, но за проучување на климата постојат и други извори, односно разни записи кои датираат уште од 1.300 година, објаснува д-р Младен Чурич.

Многу метеоролози сметаат дека јавноста не е запознаена со научните истражувања за глобалното затоплување и климатските промени и затоа го прифаќаат секој став од секој метеоролог.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...